Политика и начин/услови за поврат на средства

 

ПРАВИЛА И ПОЛИТИКИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

 

ПОЛИТИКА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ

Во случај на ОТКАЖАНИ или ОДЛОЖЕНИ НАСТАНИ, kartizase.mk ја има следната политика:

Рефундирање на средства за откажување на онлајн купени карти, по барање на клиентот, не е можно.

 

ШТО ПРЕТСТАВУВА Е-ВАУЧЕР И ОПШТИ УСЛОВИ ЗА НЕГОВО КОРИСТЕЊЕ?

 

Е-ВАУЧЕР

Доколку Вашата трансакција е успешна, во рок од неколку минути на е-маил адресата ќе добиете е-ваучер. Eлектронскиот ваучер (во пдф формат) е документ кој содржи единствен бар код или QR код и е доказ дека сте купиле карта за одреден настан. Тој ваучер задолжително треба да го отпечатите. Е-ваучерот најчесто се менува со физичка карта според процедурата која ја одредува организаторот на настанот. Доколку за одредени настани не е потребно замена на ваучерот со реална карта, истиот го користите како карта за влез на настанот. Во случај кога бар кодот од е-ваучерот не е можно да биде прочитан поради оштетување на хартијата, влезот на настанот или замената со физичка карта ќе биде отежната или оневозможена, па затоа Ве молиме да ги чувате е-ваучерите од оштетувања.

Важно е да се напомене дека, валидна е само базата на податоци за продадени е-ваучери која ние ја имаме.  Било каква злоупотреба на е-ваучерот ќе биде проследена против одговорното лице по судски пат.

ВАЖНО:
Е-ваучерите кои не се отпечатени, не се валидни!